Македонија го прегази Гибралтар и има право да се надева на прво место! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските репрезентативци денеска беа убедливи против Гибралтар во Скопје со 4-0, па така ја запишаа втората победа во групната фаза од Лигата на нации.

Победата за Македонија беше јасна уште од самиот почеток, но беше нејасно само со колку разлика ќе ги прегазат аматерите од Гибралтар, а гол-серијата ја почна Енис Барди со ремек-дело од слободен удар, по што во листата на стрелци двапати се запиша Бојан Миовски, а еднаш погоди Дарко Чурлинов.

Грузија не успеа да слави против Бугарија во Тбилиси (0-0), а тоа ни оди во прилог затоа што со победа од 4-0 на гостински терен би успеале да го преземеме врвот, секако доколку славиме и во мечот против Бугарија.