Македонија го прегази Мароко и ќе игра за 27. место на СП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските ракометари вечерва триумфираа со 40-25 против Мароко и обезбедија меч за 27. место на Светското првенство (СП).

Македонија уште на почетокот создаде предност од пет гола (7-2), по што стана јасно дека Мароко не може да се врати во игра, а резултатот на полувремето беше 18-12 за нашата селекција.

Ракометарите го почнаа вториот дел од мечот со серија од 6-0 и тука го решија прашањето за победникот, а на крајот триумфираа со 40-25.

Најдобар стрелец беше Филип Кузмановски со осум голови, додека Ненад Костески постигна седум гола.

Македонија в среда против Јужна Кореја ќе се бори за 27. место на СП.