Македонија ЃП се засили со напаѓач од Либерија

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров се засили со Абу Камара од Либерија, кој доаѓа од тимот на Дукаѓини од Косово.

Камара има 24 години и пристигна во Европа во 2017 година, а освен за Дукаѓини, тој има настапувано и за Фероникели и Рудар Велење од Словенија.

Камара е уште едно засилување за „лавовите“, кои претходно се засилија со Балша Бановиќ, Кристијан и Филип Костовски, Филип Мишевски, Лавдрим Фазлиу и Кристијан Ивановски.