Македонија ЃП, Шкендија и Академија Пандев ги дознаа ривалите во Конференциската лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските прволигаши Македонија Ѓорче Петров, Шкендија и Академија Пандев ги дознаа ривалите во Конференциската лига на ждрепката на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во Нион.

Македонија ЃП се пласираше директно во второто коло од квалификациите, па таму ќе се соочат против ЦСКА Софија од соседна Бугарија.

Академија Пандев во првото коло ќе игра против Легија Гданск, додека Шкендија ќе игра против Арарат.

Шкупи игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а во случај да биде елиминиран од Линколн, тогаш во Конференциската лига ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Тобол и Ференцварош.