Македонија и Франција ќе испишат историја на ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европското првенство (ЕП) ќе почне утре со мечот меѓу Македонија и Франција од 18 часот, а тоа ќе биде историски натпревар затоа што се очекуваат над 55.000 навивачи на трибините.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека се продадени рекорден број билети со што ќе биде урнат претходниот рекорд.

Да потсетиме, натпреварот меѓу Франција и Македонија е закажан за 18 часот, додека вечерта играат Германија и Швајцарија.