Македонија ја чека историски пласман на ЕП, но и многу пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската репрезентација денеска од 18 часот ќе се бори против Грузија за пласман на Европското првенство (ЕП), но освен историски успех, репрезентативците би можеле да заработат и многу пари.

Пласманот на ЕП во 2021 година носи бонус од неверојатни 9,25 милиони евра, па фудбалерите и стручниот штаб би добиле околу 40 проценти од сумата за премии или поточно 3,7 милиони евра.

Ова без сомнеж ќе биде дополнителна мотивација за македонските репрезентативци да ја освојат тврдината во Тбилиси и да се пласираат на ЕП, а со тоа и да ја израдуваат македонската јавност, која 30 години чека на ваков успех.