Македонија ја клекна Турција на колена и ќе игра на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските одбојкари денеска успеаа да ја победат Турција со 3-1 во сетови и така да се пласираат на следното Европско првенство (ЕП).

Македонија на квалификацискиот турнир во Скопје досега запиша три победи, од кои една против Турција и две против Босна и Херцеговина.

Македонија го доби првиот сет со 25-19 и поведе со 1-0 во сетови, по што следеше одлична игра на Турција, која израмни на 1-1.

Одбојкарите тука нес е откажаа, па го добија третиот сет со 25-23, по што четвриот сет немаше многу дилеми за тоа кој ќе биде победник и нашите репрезентативци го добија сетот со 25-18.