Македонија ќе ги расчистува сметките со Естонија – одиме на победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија денеска од 15 часот во Скопје ќе ја пречека Естонија, со која имаме нерасчистени сметки од минатиот дуел кој заврши 3-3.

Естонија на претходниот дуел имаше предност од 3-1, но ние во самата завршница успеавме да се спасиме и да освоиме бод (3-3).

Селекторот Игор Ангеловски на овој натпревар нема да може да смета на услугите на Аријан Адеми, Столе Димитриевски  и Горан Пандев. Како и Енис Барди е повреден, па нема да биде во конкуренција за овој меч.

Македонија е поуспешна во меѓусебните дуели со Естонија, откако досега победи со 4-2 и 1-0, додека два меча завршија реми.

Да потсетиме, Македонија во четвртокот избори пласман на ЕП, откако ја победи Грузија со 1-0 во Тбилиси.