Македонија ќе го организира ракометното СП за јуниорки


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека Македонија ќе го организира Светското првенство (СП) за ракометарки до 20 години и тоа во 2024 година, иако нашата држава поднесе три кандидатури, но сепак на крајот доби само една.

Ракометарките помали од 20години ќе имаат шанси да постигнат поголем резултат и тоа две години откако Македонија најпрво ќе биде кодомаќин за сениорското Европско првенство.

Коорганизатори на машкото сениорско СП ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка во 2025 година, додека две години подоцна Германија ќе го организира Мундијалот.