Македонија може да почне со прослава: Вардар е шампион на Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар е нов шампион во Лигата на шампиони, откако славеше со 27-24 против Веспрем во денешното финале во „Ланксес Арената“ во Келн.

Вардар одлично го почна мечот против Веспрем, па веднаш го презема водството, кое како минуваше време, така го зголемуваше. Најпрво „црвено-црните“ водеа со 6-4, а потоа и на 11-7. Веспрем успеа да намали на 9-11, но македонскиот шампион стигна до 16-11 на полувреме.

Во вторите 30 минути Веспрем успеа да се врати во игра, па со серија од пет гола намали на 16-17. Сепак, Вардар се врати во игра со два гола по ред за 19-16.

Во продолжение од второто полувреме Вардар постојано водеше, иако Веспрем успеа двапати да намали на еден гол негатива, но сепак „црвено-црнтите“ славеа со 27-24.

Најдобар стрелец кај Вардар  беше Мораеш со шест погодоци, додека кај Веспрем најефикасен беше Мае со исто така шест гола.