Македонија му „пресуди“ и на Вајс, кој си заминува од кормилото на Грузија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Владимир Вајс не успеа со селекцијата на Грузија да избори пласман на Европското првенство (ЕП), откако вчера Македонија го победи со 1-0 во Тбилиси.

Вајс призна дека нашите репрезентативци одиграле одлично и заслужиле пласман на ЕП, по што им посака и многу среќа и успех.

Селекторот на Грузија нема да остане долго на тоа место, зашто планира да го напушти кормилото.

„Имавме само еден шут кон противничкиот гол и тоа е премногу малку. Мојата работа завршува тука, остануваат уште два меча во Лигата на нации. Жално е што мора вака да заврши“, кажа Вајс.