Македонија од трет шешир ќе ги чека ривалите на ЕП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вчера славеше со 29-28 против Швајцарија и така ги заврши квалификациите за Европското првенство (ЕП) на најдобар можен начин.

Македонија повторно ќе игра на големо натпреварување, а сега ги имаше најдобрите квалификации во историјата. ЕП ќе почне во 2022 година, а познати се и сите учесници.

Нашите ракометари ќе ги чекаат ривалите од третиот шешир, додека Данска од нашата група се најде во вториот шешир.

ШЕШИРИ ЗА ЕП:

Шешир 1: Хрватска, Шпанија, Португалија, Норвешка, Словенија, Германија,
Шешир 2: Австрија, Унгарија, Русија, Шведска, Србија, Данска
Шешир 3: Македонија, Словачка, Белорусија, Чешка, Франција, Исланд
Шешир 4: БиХ, Црна Гора, Холандија, Полска, Литванија, Украина