Македонија оди да го поправи впечатокот – првиот меч во Президент купот е со Алжир!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонските ракометари ја завршија групната фаза на Светското првенсто (СП) со три порази, па сега продолжува во Президент купот, а прв противник ни е Алжир од 15.30 часот.

Ниту Алжир не помина ништо подобра од нас во групната фаза и ги загуби сите три дуели, при што гол-разликата е -32.

Селекторот Кире Лазаров засега не знае дали ќе може да смета на Томислав Јагуриноски и Павле Атанасијевиќ, па најверојатно ќе има промени во денешниот состав за Алжир.

Македонија на Президент купот ќе разигрува за позициите од 25 до 32 место.