Македонија одигра 20 минути, па потоа во убедлив пораз против Словенија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација денеска загуби од Словенија со убедливи 10 голови разлика (21-31), па така го запишавме третиот пораз на Светското ракометно првенство.

Македонија имаше добар старт и водеше со 5-4 по 10 минути игра, но потоа Словенија влезе во серија и поведе со 7-6. Се играше гол за гол до 20. минута кога резултатот беше 9-9, по што нашите застанаа, а противникот ги тресеше мрежите (13-9).ж

Словенија беше подобра на отварањето на вториот дел. Лазаров кај нас постигна два гола, тоа беа неговите први од игра денес. Словенија во тие први пет минути постигна три гола и водеше 11:16. Се што правевме добро го прокоцкавме во овој лош период од второто полувреме. Направивме две грешки во нападот, Словенците не казнија и веќе направија разлика од 11:18, па беше јасно дека тешко ќе ги стигнеме.

Во псоледните 20 минути Брестовац ги извади од игра поискусните, па кога веќе го губевме натпреварот шанса добија оние кои не играат многу. До крајот младите собираа искуство, а конечниот резултат гласеше 21:31.