Македонија покажа светли моменти, но загуби од Данска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација со три порази го заврши Европското првенство (ЕП) во ракомет, откако денеска беше поразена и од Данска со 21-31.

Македонија имаше одличен почеток на натпреварот, па по шест минути водството за нашите ракометари изнесуваше 4-0, но Данска почна да се буди и по осум минути стигнаа до 6-5.

Избраниците на Кире Лазаров успеаа да се одржуваат до крајот на полувремето, но поради неколку грешки заминаа на пауза со негатива од четири гола (11-15).

Данска продолжи да ја гради предноста во второто полувреме и на крајот славеше со убедливи 31-21, па така го заврши првиот дел од турнирот со три победи.

Најдобар во македонската екипа беше Жарко Пешевски со шест голови, додека Талески и Мишевски постигнаа по три.