Македонија пред повеќе од 53.000 гледачи ќе го отвори ЕП

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го почне Европското првенство, каде што првиот натпревар ќе го игра против Франција.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра на фудбалски стадион кој беше трансформиран и ќе прими над 53.000 гледачи.

Франција е фаворит во дуелот против Македонија, но селекторот Кире Лазаров кажа дека се надева на добро издание на неговите пулени.

„Имаме голема чест да бидеме дел од историскиот меч и да настапиме пред 55.000 гледачи. Тоа е одлично и со нетрпение го очекуваме почетокот. Се надевам дека ќе го прикажеме најдоброто од себе“, кажа Лазаров.