Македонија прокоцка водство од два гола и загуби од Украина!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Македонските фудбалери одиграа одлично прво полувреме, но потоа следеше пад во играта и пресврт на Украина а триумф од 3-2 во вториот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Енис Барди од пенал донесе водство за Македонија во 31. минута, а набрзо Елиф Елмас со одличен гол повторно ги израдува навивачите.

Македонија ја задржа предноста од два гола до 62. минута, кога Забрањи намали на 1-2, а потоа Конопја израмни на 2-2, додека конечните 3-2 ги постави Циганков.