Македонија сака да тргне во Лигата на нации со – триумф против Ерменија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија од 15.00 часот ќе игра против Ерменија во првиот дуел од новата сезона во Лигата на нации. Денешниот ривал ни е добро познат затоа што во минатото беа одиграни осум меча против нив.

Интересно е тоа што и двете репрезентации имаат по три триумфи и две средби завршиле реми, додека гол-разликата е на нивна страна (13-15).

Последниот меѓусебен меч против нив беше вистински хорор, кога Македонија загуби во Ереван со убедливи 0-4.

10.05.1995: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:2

06.09.1995: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 1:2

04.06.2005: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:2

07.09.2010: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:2

07.10.2011: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:1

09.09.2018: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:0

16.10.2018: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:0