Македонија вечерва ги добива противниците во Лига Европа – би можеле да играме со Бугарија, Косово…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалери вечерва од 18 часот ќе ги дознаат противниците за новата сезона во Лигата на нации, а македонската репрезентација ќе ги добие ривалите од вториот барабан.

Натпреварите во Лигата на Нации ќе се играат во два термини со четири меча во јуни и два во септември, а денеска ќе биде познато со кого ќе се паднеме во група.

Македонија претходно се избори за пласман во Ц-дивизија откако во Д-дивизијата успеа да стигне до баражот и да обезбеди учество на Европското првенство (ЕП).

Нашите фудбалери се втори носители, па би можеле да се паднеме во група против Бугарија, Турција, Словачка и Северна Ирска од групата на носители.

Во третиот барабан се тимовите на Литванија, Азербејџан, Грузија и Косово, а во последниот се Фарски Острови, Гибралтар, како и победниците од плејаутот од втората сезона меѓу Казахстан – Молдавија и Кипар – Естонија.