„Македонката“ Халеп доби намалување на суспензијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Романската тенисерка со македонско потекло Симона Халеп доби намалување на четиригодишната суспензија поради користење на допинг.

Судот за спортска арбитража ѝ ја прифати жалбата и одреди казна од само девет месеци поради прекршокот.

Оваа одлука почна да важи од вчера, а тоа значи дека Халеп ќе може веднаш да му се врати на тенисот затоа што веќе беше надвор од терените поради првичната суспензија.

Романската тенисерка е една од најпознатите и во кариерата освои две гренслем-титули, а беше и на врвот на ВТА-листата.