„Македонката“ Халеп суспендирана: Порано или подоцна сите ќе ја дознаат вистината!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка во светот, Симона Халеп е суспендирана на неодредено време, откако доби позитивен допинг-тест направен за време на Ју-Ес Опен, кој се одржа на крајот на август.

Халеп побарал и втор тест, кој исто така бил позитивен, по што реагираше ВТА и ја суспендираше тенисерката на неодредено време, па таа веднаш реагираше на социјалните мрежи.

„Денеска почнува најтешкиот меч во мојот живот, борба за вистината. Ми кажаа дека сум позитивна на Роксадустат, што е најголемо изненадување во мојот живот. Никогаш не сум помислила на мамење или нешто слично. Верувам дека вистината ќе излезе на виделина“, кажа Халеп.

Халеп е дел од романската заедница со македонско потекло.