Македонскиот ас Иџе го освои Котор во силна конкуренција


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Игор Стефановски – Иџе продолжи со одличните настапи и забележа голем успех на ридско-брзинската трка во Котор, каде се издвои како најдобар меѓу бројната и квалитетна конкуренција.

Во конкуренција од над 130 врвни возачи од регионот и пошироко, македонскиот ас уште еднаш ја демонстрираше својата класа. Со одлично темпирано и технички прецизно возење, Иџе го постави најбрзото време и заслужено се искачи на врвот.

Настанот важи за еден од поважните во календарот на ридско-брзинските трки, редовно собирајќи искусни и докажани возачи.