Македонските херои пречекани со песна и овации на плоштадот во Скопје (Фото)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонските навивачи ги пречекаа фудбалските херои кои пристигнаа на плоштадот Македонија, каде што ги поздравија со патриотски песни и овации.

Фудбалерите излегоа пред навивачите, по што ги поздравија своите фанови кои будно го следеа нивниот настап против Италија (1-0) во Палермо.

Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски излезе пред навивачите и кажа дека ќе дадат максимум во последниот меч од баражот.

„Имаме уште еден меч до крајот, ќе дадеме максиум на него“, кажа Ристовски.