Македонските кантераши станаа светски шампиони


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската е-спорт репрезентација во CS:GO го освои Светското првенство, откако славеше во финале против Монголија со 3-1.

Македонските е-спортисти се искачи на врвот во „кантер-страјк“ откако беа подобри во финалето кое се играше во Индонезија.

Дел од шампионскиот тим беа Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Павле „stYleEeZ“ Стојановски.

Ова е уште еден успех за македонската е-спорт репрезентација, па така сега тие се двоен европски и светски шампион.

Треба да потсетиме дека неодамна Македонија доби и светски првак во Dota 2, откако Мартин Саздов со неговиот тим триумфираше на „Интернешнл 11“.

Сите дневни тикети од е-Спортот, како и останатите спортови може да ги следите на Kladenje.mk