Македонските навивачи во Букурешт потрошиле 450.000 евра на – пиво!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските навивачи беа во голем број во Букурешт, каде што Македонија одигра два меча и за жал ги загуби од Австрија (1-3) и Украина (1-2).

Тоа не предизвика големо разочарување кај навивачите, кои ја бодреа репрезентацијата во Букурешт, а притоа потрошија голем број алкохол.

Романските медиуми објавија дека во Букурешт биле 4.000 Македонци, а тие испиле дури три цистерни пиво, односно околу 75.000 литри и за тоа платиле 450.000 евра, што е голема заработка за романските ресторани и барови.

Треба да се пофалат и македонските навивачи, кои не напраивја ниту еден инцидент за време на престојот во Букурешт, па имаа и пријателски средби со австриските и украинските навивачи пред и по натпреварите.

Македонија последниот натпревар на Европското првенство ќе го одигра в понеделник од 18 часот против Холандија.