Македонските ракометарки го прегазија Азербејџан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија славеше со 40-17 против Азербејџан на почетокот на квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Нашите ракометарки играа одлично на теренот и првиот гол го примија дури во деветтата минута (1-9), по што до полувреме стигнаа до убедливи 23-10.

Во второто полувреме селекторот Кристијан Грчевски им даде шанса на сите ракометарки, а водството достигна до 40-17. Најефикасни беа Јована Саздовска и Андреа Седлоска со по седум гола.

Македонија во следното коло игра против Литванија в недела.