Македонските тимови се збогуваат од Денис Тот, потресна порака испрати и брат му (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Денис Тот го загуби неговиот живот, откако се бореше неколку часа, но ја загуби најважната битка.

Тот почина во скопска болница, а засега нема потврда за точната причина за неговата смрт, освен тоа што од болницата соопштија дека станува збор за застој во работата на срцето, а не за физичко насилство.

„Прерано нè напушти, мил мој, почивај во мир. Ништо повеќе нема да биде исто без тебе“, напиша неговиот брат на социјалните мрежи.

Од хрватскиот ракометар се збогуваа и македонските тимови, меѓу кои и поранешниот клуб Охрид, каде што одигра две сезони.

„ГРК Охрид изразува сочуство до фамилијата и ракометниот клуб Бутел. Охрид ќе те памети засекогаш“, објави Охрид.