Манчестер јунајтед доби „зелено светло“ од фантастичен напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед е пред ново големо засилување за следната сезона, а станува збор за напаѓачот Џошуа Зиркзе.

„Црвените ѓаволи“ претходно ги договорија личните услови со Матијас де Лихт од Баерн Минхен, по што тргнаа по засилување во нападот, а веќе падна договор и со Зиркзе.

Зиркзе не правеше проблеми за платата и останатите детали и бонусите, па сега премиерлигашот треба да преговара со неговата екипа за трансфер.

Во секој случај, Зиркзе во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра која ќе биде активна до август.