Манчестер Јунајтед го сакал Аке, но не го ангажирал поради една причина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Натан Аке од вчера и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити откако „граѓаните“ за него платија 40 милиони фунти на Борнмут.

Англиските медиуми сега пренесоа дека Манчестер Јунајтед исто така се интересирал за ангажман на Аке, но задоцнил во обидите да го донесе во своите редови најмногу поради фактот што не се ослободиле од ниту еден од прекубројните стопери.

Јунајтед не успеа да го продаде Маркос Рохо и ќе се помачи за да го стори тоа, па засега немаат просотр за ангажман на нови играчи во одбраната.

Во случај Рохо, Смолинг и Џонс да си заминат, „ѓаволите“ сигурно ќе ангажираат нов стопер, а сега прв на листата желби е Пау Торес од Вилјареал.