Манчестер Јунајтед и Челси убедливи, кикс по подолго време на Лестер ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед одигра одличен натпревар и со 4:0 славеше против тимот на Норвич кој остана закован на табелата.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер доминираа во текот на целиот натпревар, а головите вредни три бода ги постигнаа Маркус Рашфорд, кој стрелаше два пати, Ентони Марсијал и Мејсон Гринвуд.

Ривалот на „ѓаволите“ за четвртата позиција, Челси, исто така славеше убедлива победа пред своите гледачи откако со 3:0 беше совладан Барнли. Жоржињо, Абрахам и Худсон- Одои му донесоа важна победа на Френк Лампард.

Лестер по подолг период загуби, откако на домашен терен загуби од  Саутемптон со 2:1. Евертон минимално победи против Брајтон (1:0), а Вулвс и Њукасл ремизираа (1:1).