Манчестер јунајтед и Евертон во битка за потписот на Елмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека премиерлигашите Манчестер јунајтед и Евертон се заинтересирани за потписот на Елиф Елмас.

Јунајтед бара решение во средниот ред од екипата, а веќе се во процес на ангажирање на Касемиро од Реал Мадрид, па сакаат да го купат и македонскиот репрезентативец кој би можел да му биде од помош на тренерот Ерик Тен Хаг.

Конкуренција на Јунајтед му прави Евертон на Франк Лампард, кој минатата сезона играше очајно, па затоа стратегот бара нови засилувања со кои ќе може да го крене тимот на едно повисоко ниво.

Вредноста на Елмас на трансфер-маркетот се проценува околу 24 милиони евра, но сигурно Наполи ќе бара повеќе пари за трансфер, иако засега не планира никого да продава.