Манчестер Јунајтед и Наполи заинтересирани за играч на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Наполи се меѓу клубовите заинтересирани за потписот на Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Колумбиецот не се изнаигра оваа сезона во „кралскиот клуб“ по неговото враќање од двегодишната позајмица во Баерн Минхен, па големи се шансите тој да си оди од клубот по крајот на оваа сезона.

Манчестер Јунајтед се споменува како можна негова следна дестинација, а „АС“ пишува дека Реал Мадрид би можел да го вклучи во понудата која ова лето ќе ја испрати за Пол Погба.

Освен овие два тима за услугите на Колумбиецот се интересира и Евертон чиј тренер Карло Анчелоти сака повторно да соработува со офанзивецот.