Манчестер Јунајтед ќе го продолжува договорот на играч кој нема заиграно за клубот оваа сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед планираат да го продолжат договорот на еден играч кој се уште нема официјален настап оваа сезона.

Станува збор за Ерик Бејли кој се повреди на претсезонската турнеа и се очекува да се врати на терените кон месец декември.

Стоперот кој се пресели во Манчестер Јунајтед пред три години од таборот на Вилјареал ќе биде слободен агент по крајот на оваа сезона, па токму затоа од клубот ќе му го продолжат договорот најмалку до 2023 година.