Манчестер Јунајтед ќе пушти еден од своите играчи да си замине на позајмица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е подготвен да му дозволи на Маркос Рохо да се врати во својата татковина и да игра во Естудијантес.

29 годишниот Рохо ќе игра во неговиот матичен клуб како позајмен фудбалер, а  Естудијантес ќе може да го откупи неговиот договор по крајот на сезоната.

Рохо минатото лето беше пред трансфер во Евертон, но тогаш Манчестер Јунајтед го стопираше неговото заминување.

Сега кога Ерик Бејли се врати во тимот, а Аксел Туанзебе е пред враќање, Рохо ќе стане прекуброен во составот на Оле Гунар Солскјер па затоа ќе му биде дозволено да си замине.