Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон три спектакуларни тренери за следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што одминува времето се повеќе станува јасно дека Оле Гунар Солскјер нема да го води Манчестер Јунајтед следната сезона.

Само чудо може да го спаси норвешкиот тренер да остане на клупата на „ѓаволите“ и следната сезона. Манчестер Јунајтед ја игра најлошата сезона во последните години, а Солскјер нема решение за многу прашања во тимот.

Медиумите во Франција пишуваат дека Томас Тухел е тренерот кој е на радарот на „ѓаволите“ за предводник за следната сезона.

Фаворит за клупата е Маурисио Покетино кој веќе имаше средба со челниците на Јунајтед, а опција е и искусниот италијански стратег, Масимилијано Алегри.