Манчестер Јунајтед крена раце од Санчо и е многу блиску до ангажман на фудбалер на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед дефинитивно крена раце од намерата за ангажман на Џејдон Санчо откако им било кажано дека Борусија Дортмунд нема да прифати никаква понуда помала од 120 милиони евра.

„Ѓаволите“ сега го насочиле вниманието кон Усман Дембеле, фудбалерот на Барселона кој е многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“.

Луѓе блиски до Дембеле за еминентниот шпански весник „АС“ откриле дека двата клуба се пред договор и дека Манчестер Јунајтед ќе плати околу 75 милиони евра за услугите на фудбалерот кој веќе неколку сезони мака мачи со повредите.

Дембеле првично сакал да остане во Барселона, а таква била намерата и на клубот, меѓутоа финансиската ситуација во каталонскиот гигант го натерала клубот да се согласи за продажба на Дембеле.

За продажба на играчот бил и Роналд Куман кој дал зелено светло тој да си оди од тимот и посочил дека секако планира поголема шанса оваа сезона да им дава на Ансу Фати, Франциско Тринкао и Педри.

По ваквите најави од Барслеона и самиот Дембеле се согласил да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, па сега се очекува само официјална понуда од англискиот клуб.