Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед наводно е заинтересиран за ангажирање на напаѓачот на Кристал Палас, Еберечи Езе, кој има клаузула за откуп од 68 милиони фунти.
Сепак, Јунајтед најверојатно би тргнал по Езе само доколку успее да продаде ѕвезда што ќе им помогне да ја достигнат целта од 68 милиони фунти што ја постави Палас.
И Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд биле спомнати како можни заминувања, и според „Фудбал Трансферс“ продажбата на било кој од нив ќе ослободи буџет на Јунајтед за потписот на Езе.
„Црвените Ѓаволи“ го следат напаѓачот на Кристал Палас од минатата сезона и заедно со неколку ривали од Премиер лигата биле поврзани со него во текот на летото. Имаше конкретен интерес за Езе од Тотнем, кој сè уште е заинтересиран за 26-годишникот и покрај неговата висока цена.
.