Манчестер Јунајтед одржал преговори со играч на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако излегоа шпекулации дека Арсенал се распрашува за играчот на Јувентус, Адриен Рабио, денес медиумите во Англија пренесоа дека и Манчестер Јунајтед го посакува играчот.

Наводно, „ѓаволите“ одржале преговори со агентот на Рабио за негов потенцијален трасфер во клубот ова лето.

Можно е двата клуба да се договорат за евентуална трампа со Пол Погба, играч кој Јувентус го посакува долго време.

Се шпекулира дека Јувентус покрај Рабио бил подготвен да понуди уште неколку играчи на Јунајтед во замена за Пол Погба.