Манчестер Јунајтед проблемите во средниот ред ќе ги решава со играч на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека деновите на Иван Ракитиќ во редовите на Барселона се одброени.

Истиот весник пишува дека најсериозен кандидат за неговиот потпис е тимот на Манчестер Јунајтед кој оваа година мака мачи со средниот ред и пренесувањето на топката кон напаѓачите.

Наводно, хрватскиот интернационалец бил едно од решенијата за Оле Гунар Солскјер, па уште во јануари се очекува „ѓаволите“ да испратат понуда од околу 30 милиони фунти за услугите на Ракитиќ.