Манчестер Јунајтед со помош на ВАР до водство на полувремето против Ливерпул (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед има водство по првите 45. минути на дерби пресметката против Ливерпул која се игра на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ постигнаа погодок преку Маркус Рашфорд кој беше признаен по консултација со ВАР затоа што Линделоф го закачи Вијналдум на стартот на акцијата. Еткинсон реши дека нема контакт па додели гол за Манчестер Јунајтед.

Неколку моменти подоцна, Садио Мане го изедначи резултатот, но неговиот гол беше поништен исто така по прегледување на ВАР снимката. Сенегалецот пред да го постигне голот играше со рака и си создаде предност пред Линделоф, па се чини дека оправдано беше поништен неговиот погодок.