Манчестер Сити ангажираше колумбиски напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити потпиша со Марлос Морено, напаѓач кој доаѓа од Атлетико Национал.

19 годишниот играч потпиша 5 годишен договор со Манчестер Сити, но сезоната 2016/17 ќе ја помине на позајмица во Депортиво Ла Коруња.

Морено е седмото засилување на граѓаните овој трансфер период, и тоа ги чинеше 4.5 милиони фунти од нивниот буџет.

Морено за официјалниот сајт на Манчестер Сити изјави дека Сити е голем клуб и дека има чест што ќе игра во тој тим. Исто така го пофали и тренерот Пеп

„Пеп сака млади играчи во тимот, тој е одличен тренер, еден од најдобрите во светот. Многу ми е мило што ќе имам шанса да работам со него“

Директорот на Сити верува дека овој играч е доста талентиран бидејќи имаше голема улога во освојувањето на титулата во Копа Либертадорес минатата сезона кој токму екипата на Атлетико Национал ја освои.