Манчестер Сити го плати 65 милиони евра, а по само шест месеци поминати во клубот ќе си замине во Шпанија

Манчестер Сити минатото лето го обезбеди потписот на Жоао Кансело кој го донесе од редовите на Јувентус на кого му плати пари, а плус тоа им го даде и Данило.

Десниот бек во тимот од синиот дел од Манчестер одигра 15 натпревари, но само шест од нив беа во Премиер лигата.

За 25 годишниот португалски фудбалер наводно е заинтересиран Баерн Минхен, но засега најсериозен кандидат за неговиот потписе Валенсија, клуб во кој настапуваше Кансело пред да се пресели во Интер.