Манчестер сити ја реши Ц. Звезда, победи за Барселона и ПСЖ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва се одиграа неколку интересни натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), а победи остварија Манчестер сити, Барселона и ПСЖ.

Црвена Звезда водеше по првите 45 минути со 1-0, но „граѓаните“ во вториот дел се разиграа и го нокаутираа ривалот со головите на Хулијан Алварез и Родри.

Барселона го прегази Антверпен со 5-0, а головите ги постигнаа Жоао Феликс (два), Роберт Левандовски и Гави, додека еден автогол си постигнаа гостите.

Дербито во Париз заврши во корист на ПСЖ кој славеше со 2-0 против Борусија Дортмунд, а погодоците ги постигнаа Килијан Мбапе и Ашраф Хакими.