Манчестер сити покажа како треба со легендите: Давид Силва ќе биде горд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одамна беше познато дека Давид Силва ќе го напушти Манчестер сити, односно дека кариерата ќе ја продолжи во друга екипа.

Речиси сигурно тоа ќе биде Лацио, со кој Силва наводно има договор, а сега како „гром од ведро небо“ се појави информацијата дека од таборот на „граѓаните“ решиле на неверојатен начин да му се одолжат на фудбалерот.

Па така Силва ќе добие статуа пред стадионот „Итихад“, а освен тоа еден од терените за тренинг ќе му биде посветен на него.

Навистина одличен начин да му се одолжат за долгите 10 години, кои ги мина во клубот.