Манчестер сити против Баерн, Челси оди по одмазда кај Реал, Елмас со Наполи ќе го напаѓа Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска беше одржана ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), при што беа одредени неколку интересни парови.

Најголемото дерби се игра меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен, додека внимание ќе привлече и дуелот меѓу Челси и Реал Мадрид.

Четвртфинални дуели:

Реал Мадрид – Челси

Интер – Бенфика

Манчестер сити – Баерн Минхен

Милан – Наполи

Полуфинални средби:

Интер/Бенфика – Милан/Наполи

Реал Мадрид/Челси – Манчестер сити/Баерн