Манчестер Сити сака да земе ѕвезда на Барселона по секоја цена, нудат и играч во размена!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Сити може да биде еден од главните актери на завршницата на летниот трансфер период, а причината е големиот интерес за младиот стопер на Барселона, Пау Кубарси.

Според информациите објавени во “El Nacional”, англискиот клуб е подготвен да направи невообичаен потег за да ги зголеми своите шанси за реализација на трансферот.

Извештаите покажуваат дека Манчестер Сити размислува за можноста да го вклучи и египетскиот репрезентативец Омара Мармуша како дел од размена за талентираниот дефанзивец на Барселона.

Оваа понуда покажува колку Манчестер Сити ги цени квалитетите на Кубарси и колку сериозно размислуваат за неговото доведување на Етихад.

Младиот стопер во последните сезони прерасна во еден од најперспективните дефанзивни фудбалери во Европа, а со своите игри привлече внимание на бројни големи клубови.