Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шампионот на Италија моментално е најважен клуб на фудбалскиот пазар.
Време е за голема одлука во Јувентус. Во овие денови кога се крши. Јувентус веќе еднаш го собори светскиот рекорд во висина на трансфер кога во 2001 година го продаде Зидан во Реал Мадрид, а сега повторно има шанса да ги помести границите на фудбалскиот пазар.
Италијанскиот шампион во овој момент веројатно е највработен клуб во преодниот рок. Само за тројца фудбалери, Јуве има понуди во висина од 210 милиони евра.
Манчестер Јунајтед нуди за Погба 120 милиони евра, преговорите се интензивирани во претходните 48 часови.
Јувентус сеуште не прифати, но како што времето одминува, се е извесно дека Старата дама ќе капуталира. Едноставно, таква понуда не се одбива…Погба своите услови веќе ги договори со англискиот клуб.
И додека црвениот дел на Манчестер го чека Погба, тој синиот се стреми на Лео Бонучи. Пеп Гвардиола никогаш не крие дека стоперот на Јувентус му е миленик и често искажуваше јавни пофалби за негова сметка. Со оглед дека Лапорт го продолжи договорот со Билбао, дека преговорите со Џонс Стонс ќе бидат напорни, Пеп сите карти ги фрли на Бонучи.
Првата понуда од 45 милиони евра е лесно одбиена, Сити сега се дигна на 60 милиони евра.
Менаџерот на Бонучи Александро Лучи е во Манчестер каде што преговара со Граѓаните. Јуве попрво би се откажал од Погба отколку од Бонучи, но и ова е понуда која спаѓа во доменот на научна – фантастика.
Ниеден дефанзивец во историјата на фудбалот не е платен толку. На Италијанецот ќе биде многу тешко да се избори со притисокот од Манчестер….Не треба да се отпише ниту Челси чиј тренер Антонио Конте истотака го сакаше Лео.
Ако Јуве прифати на два мегатрансфери, ќе заработи 180 милиони евра. Со 30 милиони евра кои ги имаат на маса од Волфсбург за Симоне Заза и која најверојатно ќе ја прифатат.
Тоа е монструозна сума со која може да се реновира комплетниот тим. Но тоа значи и чекор назад во нападот на ЛШ што е главна цел на клубот од Пијемонт во последните години.
Што може Јувентус со толку пари? Адресите на кои ќе се чукне се веќе познати. Со 200 милиони евра, Јувентус можт што сака.
Проценија дека Андре Гомеш не вреди 65 милиони евра колку што Валенсија бара, но тоа не значи дека ќе зажалат пари, веќе дека Португалецот не е достоен за тие пари.
Пјаниќ и Дани Алвеш веќе стигнаа, а преостанатие бомби до крајот на преодниот рок треба да бидат Марек Хамшик, Немања Матиќ и Единсон Кавани.
Со таткото на Кавани и менаџер Јуве одамна е во контакт, а Уругваецот не ја крие желбата да го напушти ПСЖ.
Веќе две години има чад над таа приказна и во ова лето е најдобра шасна да се заврши и Јуве да го доведе Матадор како замена за Мората.
Хамшик пробаа да го доведат во последните часови на преодниот рок од минатото лето, сега може да платат колку што Де Лаулентис бара. Со оглед дека играчот има уште две години од договорот, ни патронот на Наполи не може премногу да ги затегнува жиците.
Ако го продадат Погба во Јунајтед, Мурињо ќе мора да им се тргне на падот од доведување на Немања Матиќ. Србинот е голема желба на директорскиот тендам Марота- Паратиќи, на Челси може да припаднат максимално 25 милиони евра, а на Србинот договор вреден 5 милиони евра по сезона, што е зголемување во однос на тоа што го заработува во Челси.
Ова не би било единствена зделка на релација Челси – Јувентус, бидејќи двата клуба преговараат и околу откуп на договорот на Хуан Квадрадо.
Јуве нуди 22 милиони евра, Челси бара осум повеќе. За некои 45 милиони Матиќ и Квадрадо ќе станат Бјанконери во пакет.
Доаѓањето на Матиќ нема да исклучи доведување на уште еден последен играч за врска. Нголо Канте и понатака е многу веројатна опција, а и за него ќе бидат доволни 25 милиони евра.
Заминувањето на Бонучи ќе остави дупка во одбраната, но за тоа место одамна се спрема младиот Даниеле Ругани и сега конечно ќе дојде часот да покаже дали е достоен наследник на Барзаљи, Киелини и Бонучи. Истотака, на прагот од трансфер е и Меди Бенатија од Баерн.