Манџукиќ: Чест ми е да го носам дресот на Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ денеска потпиша со Милан договор до крајот на сезоната, со опција да го продолжи на уште една година.

Манџукиќ го имаше првиот тренинг во дресот на Милан, па кажа дека му е чест што го облекол дресот на „росонерите“.

„Благодарен сум на сите во Милан што ми дадоа чест да бидам во ваков клуб. Навистина е голема чест што ќе имам прилика дресот на овој клуб со богата историја. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе на секој натпревар за да помогнам во остварување на зацртаните цели“, кажа Манџукиќ.