Манџукиќ пред враќање во Шпанија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стара е приказната дека Марио Манџукиќ за време на зимскиот преоден рок ќе ги напушти редовите на Јувентус.

Поранешниот хрватски репрезентативец за Јувентус настапува уште од 2015. година, но бидејќи новиот тренер, Маурицио Сари не смета на него, приморан е од јануари да побара нова средина.

Има многу клубови кои се поврзуваат со Манџукиќ, го сакаат Англичани, Кинези… а не е исклучена ниту опцијата да се врати во Шпанија каде што веќе имаше прилика да игра.

Медиумите во Италија пишуваат за тоа како Старата дама за Манџукиќ бара фиксни шест милиони евра, а таа цифра е прифатлива за Севилја која наводно веднаш се вклучи во трката за неговите услуги.

До неодамна се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед е практично договорена дестинација на поранешнот напаѓач на Баерн, Атлетико и Динамо, неговиот агент наводно бил и договорил плата која би ја земал на Олд Трафорд, но заминувањето на Олд Трафорд веќе и не е така извесно.

Севилја во првите 11 кола од Ла Лига постигна се на се 14 погодоци, а прими 11. Со Манџукиќ, тимот на Лопетеги би добил на цврстина во нападот, но и во дефанзивата бидејќи добро е познато дека хрватскиот напаѓач бескомпромисно игра во двете насоки.