Манџукиќ се враќа во Италија, и тоа во голем ривал на Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Манџукиќ му се враќа на фудбалот по шест месеци. Познатиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Хрватот ќе биде засилување на Милан и наскоро ќе го облече црвено-црниот дрес.

Манџукиќ веќе шест месеци нема тим, откако во јули го раскина договорот со Ал-Духаил од Катар, но и покрај интересот на многу екипи, Хрватот реши да се одмори неколку месеци.

Сега изгледа е подготвен да се врати. Можно е тоа да биде во дресот на Милан со што Манџукиќ би додал уште еден голем клуб на листата клубови за кои настапувал.

Ќе потсетиме во Катар тој се пресели од Јувентус каде што помина три ипол години, претходно играше за Атлетико Мадрид, Баерн, Волфсбург и Динамо.